АХМЕТИ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ДУИ РАЗОЧАРАНИ: Нас никој не нѐ прашува дали сме служеле војска...само овие од СДСМ ги прашуваат

АХМЕТИ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ДУИ РАЗОЧАРАНИ: Нас никој не нѐ прашува дали сме служеле војска...само овие од СДСМ ги прашуваат

Лидерот на нашата најголема зелена партија ДУИ и реалниот премиер на Нашата Земја во последниве 15 години, господинот командант Али Ахмети денес во името на целата Демократската унија за интеграција побара лидерите на најголемите македонски партии да престанат да ги дискриминираат членовите на ДУИ и под итно да ги вклучат во дебатата за отслужување на воениот рок.

- Со денови се дебатира за војски и воени рокови и имам впечаток дека моето име, а и имињата на моите сопартијци, намерно се изоставаат. Како да не сме никаков фактор во земјава. Како некој, кој ни е т.е. ни бил партнер во власта, да се плаши од вистината. А бе опуштете се малку, прашајте слободно! - им порача господинот Ахмети на своите сегашни и поранешни коалициони партнери.

Тој најави дека ако ваквиот третман продолжи, ДУИ ќе поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а доколку и тоа не помогне, спремен е повторно да го примени она што го научил за време на воениот рок.