Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

Полицијата поднесе кривична пријава против С. Ш. (25) од Скопје, Ф. А. (46) и М. Б. (51), двајцата од Република Србија, и Б. А. (49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело трговија со дете.

Имено, првопријавениот С. Ш., брат на девојчето, поради стекнување противправна материјална корист од 3.000 евра, презел дејства за склучување присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф. А. и третопријавениот М. Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак, соопшти МВР.

Четвртопријавениот Б. А. ја имал улогата на посредник меѓу С. Ш. и Ф. А. и М. Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од судија на претходна постапка на сите одделно им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.