Денеска се дружевме со Никола Богдановски од скопското село Кадино...млад и успешен човек кој уште како мал животните му биле на прво место

Денеска се дружевме со Никола Богдановски од скопското село Кадино...млад и успешен човек кој уште како мал животните му биле на прво место

Никола Богдановски од скопското село Кадино е млад и успешен човек кој уште како мал животните му биле на прво место па така се до денеска тој и покрај сите препреки не застанува!

Јас уште од мал имав замисла за сонот кој што денеска ми е реалност.

Не секој може да се одлучи на вакво нешто како него особено не младите.

Јас уште од мал сум со животни па така и израснав со нив.

Додека мојот дедо одгледуваше крави и јас му помагав во секоја работа како што и сега моето братче Богдан ми помага на мене.

Како поминуваше време годините си минуваа а јас се осамостојував и дојдов до некој така речен успех за мене.

ДОДЕКА БЕВ ПОМАЛ ОДГЛЕДУВАВ УКРАСНА И РАСНА ЖИВИНА...која сега прерасна во посериозен предизвик за мене.

Како минуваа годиниге сватив дека можам уште повеќе.....Мојот мал сон и голема љубов прерасна во сериозна работа каде што во мојата фарма и покрај живинатат додадов 2кози и 2 маторици(свињи кои даваат прасиња) каде што денешната бројка е сериозна бројка и успех за кое цело време се борев.

Моментално во нашата фарма имаме 12 мајки маторици и околу 20 кози каде што во иднина се надевам дека ќе продолжиме со уште повеќе.

Мојата фарма решив да ја одгледувам на традиционален начин(одгледување на животните со природна храна) за да постигнеме квалитет па така и бидна.

Нашите пријатели не научива што имаме и што е најдобро за сите нас па така и побарувачката секој ден расне.

Годишно во нашата фарма достигаме и бројка од 250мали прасиња од нашите 12 мајки и околу 20....30 мали јаренца.

Исто така од нашите кози кога се во лактација имаме секогаш тазе млеко и млечни производи.

Но тоа не е се најважно од сето ова е што решивме оваа година да се обидеме со уште една обврска за доброто на нашите потрошувачи а тоа е достава до нивниот дом на млеко,јајца од кокошка,јајца од преперица и млечни производи од нашите кози.

Голема благодарност до Министерството за Земјоделство и до Министерот Љупчо Николовски кои преку субвенциите помагаат на земјоделците...посебно на нас младите земјоделци.

СЕ ГЛЕДАМЕ ОД ПРОЛЕТ!!

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА УЖИВАТЕ ВО ГЛЕТКАТА НА НАШАТА ФАРМА МОЖЕТЕ ДА НЕ ЗАСЛЕДИТЕ И НА НАШАТА ФАЦЕБООК СТРАНА "Moja farma Bogdanovski"