И Маричиќ шокиран од укинувањето на пресудата за Мијалков: Денес јадев само 12 пати!

И Маричиќ шокиран од укинувањето на пресудата за Мијалков: Денес јадев само 12 пати!

Шокот што на владините функционери им го приреди Апелациониот суд, кој ја укина пресудата за предметот "Таргет - Тврдина" со која поранешниот директор на УБК беше осуден на 12 години затвор, не го одмина ниту Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој денес, од нервоза, изел само 12 оброци и веднаш почнал да се жали на вртоглавица и болки во стомакот.

 

- Одлуката на Апелација ја слушнав околу 9 часот утрово и среќа што имав јадено 8 пати, инаку не знам како ќе го поминев денот. Од тогаш, до сега, едвај успеав да згнетам 4 ручеци, ама и тие ги јадев на сила, без мерак. Ако тоа не е доказ за шокот што го преживеав, не знам што е. - изјави видно ослабениот Маричиќ. 

Од министерството за здравство соопштија дека поради критичната состојба на Маричиќ, екипи на брзата помош се стационирани во близина на Владата за да можат брзо да реагираат доколку на заменикот му се слоши, но и за да им се најдат на другите шокирани функционери.