Избоден со нож градоначалник во 09.30 пред општинската зграда

Избоден со нож градоначалник во 09.30 пред општинската зграда

Со убоди од нож претпладнево е повреден Фреди Коконеши, градоначалник на албанскиот град Дивјак, како и неговиот возач Газменд Булари, кој се обидел да го заштити.

-Инцидентот се случил околу 9:30 часот, пред општинската зграда, кога по куса распарава на Коконеши со лицето Оргес Џелили, тој извадил нож и го нападнал. Во обид да му помогне со потешки последици се здобил и возачот Булари. Со брза интервенција на полицијата сторителот е приведен. Мотивите засега се непознати, стои во полициското соопштение.

Според медиумите Џелили е поранешен вработен во општината, во ИТ секторот, но дали отказот е причина за нападот ќе потврди истрагата.

Градоначалникот Коконеши имал неколку убоди од нож во пределот на рамото и раката, за што бил неопходен оперативен зафат.