Како српскиот патријарх го споменува Архиепископот Стефан?

Како српскиот патријарх го споменува Архиепископот Стефан?

Архиепископ на Северна Македонија, а не Архиепископ Охридски и Македонски. Со таква титула, Српскиот патријарх Порфириј го споменува поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан на литургиите и засега е единствен што тоа го прави.

Рускиот патријарх Кирил, иако РПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА, на последната литургија не го спомна Архиепископот Стефан.

Српскиот патријарх Порфириј на Богослужбата, вчера за Голема Богородица, во Херцег Нови, ги наброја сите поглавари на помесни православни цркви, меѓу кои и Архиепископот г.г Стефан, последен по Архиепископот на Чешка и Словачка. Но наместо како Архипеископ Охридски и Македонски, Порфириј го сполна г.г. Стефан како Архиепископ на Северна Македонија.

СПЦ, кога донесе одлука за признавање на Автокефалноста на МПЦ-ОА, тврдеше дека ја признава под нејзиното име и со тиутлата на Архиепископот. Но во пракса очигледно поинаку функционира.

Инаку спомнувањето на имиењата на поглаварите од поглавар на помесна православна црква во литургиите е израз на единството на православната црква.