„КОБРАТА„ СО БУГАРСКИ ПАСОШ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА...НетПрес: Тајна средба Арсовска-Ковачевски-Зечевиќ?

„КОБРАТА„ СО БУГАРСКИ ПАСОШ ГО ПРОДАДЕ КУЧАТА...НетПрес: Тајна средба Арсовска-Ковачевски-Зечевиќ?

Претходно седмицава, во четвртокот, скопската градоначалничка Данела Арсовска се сретнала со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ познат како човек задолжен зад заткулисните операции на владејачката партија, премиерот Димитар Ковачевски, а на средбата на којашто бил присутен и еден скопски бизнисмен како што дознава НетПрес од упатени извори, Арсовска побарала поддршка од социјалдемократите во борба против ВМРО-ДПМНЕ и во Советот на Град Скопје.

-Според истите извори, функционерите на СДСМ на Арсовска ѝ предочиле дека поседуваат докази за сериозни обиди за влијание врз проектот за пречистителната станица и поврзаност на турската компанија со луѓе блиски до скопската градоначалничка. Покрај тоа, Арсовска била предупредена и дека има подготвено кривична пријава за вмешаност во опожарувањето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори, за што во медиумите и јавноста се споменуваше и името токму на Арсовска, пишува порталот.

Интересно е што по споменатата средба, СДСМ во јавноста излезе со објава дека нема да бара оставка од Арсовска, иако откако таа ја презема функцијата секојдневно ја напаѓаше за лошо управување со градот, а веќе денеска низ Скопје излепи билборди во кој се обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, за пропустот со пречистителната станица. Од што може да се заклучи дека СДСМ ја зема во заштита Арсовска и се обидуваат да создадат фронт против опозицијата.

Во врска со спорната инвестиција на Град Скопје, претходно во средата Европската инвестициска банка (ЕИБ) одговори на прашањата на телевизијата Телма за тендерот за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје поради кој градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на Јавното претпријатие „Водоводот“, Златко Перински, откако тој не направил промена на членови на тендерските комисии повикувајки се токму на одговор од ЕИБ. Во писмената изјава беше истакнато дека секој обид за ревидирање на стратегијата за набавки без оправдување во оваа фаза или неусогласеност со важечките принципи за доверливост, ќе предизвика одложување во процесот на набавка и ќе ја загрози достапноста на средствата.

-На денот кога, според нашите извори, Арсовска се сретнала со челниците на СДСМ, во четвртокот на седницата за советнички прашања во Град Скопје, советникот Луке Галевски ја праша градоначалничката токму за актуелните случувања со тендерот за пречистетална станица за скопските отпадни води. Но, наместо одогвор на прашањата на советникот, Арсовска почна да држи политички говори од говорницата во Советот на Град Скопје. Со водлива нервоза го напаѓаше Мицкоски, иако тој не е инволвиран на никаков начин во однос на спорните работи околу тендерот за пречистителна станица, пишува НетПрес.

Арсовска, очигледно, за да не одговори кое е лицето Аркан Керим, кое го спомена Галевски од говорницата, како наводен претставник на турскиот конзорциум за кој медиуми блиски до скопската градоначалничка пред отворање на понудите на тендерот објавија дека дал 20 милиони евра пониска понуда, почна со видна глума да го навредува Мицкоски. За истиот турски конзорциум, дел од медиумите објавија дека е фаворизиран од Арсовска, а за да си ја оствари целта таа токму затоа го разреши директорот на ЈП „Водовод и каналаизација“, со изговор за некакви наводни негови своеволија.

Арсовска, исто така, на истата седница не спомна ништо ниту за ставот на Европската инвестициска банка, која ден претходно со соопштение се обрати до јавноста во врска со проблемите кои ги предизвика токму градоначалничката и поради која главниот град на Македонија најверојатно ќе остане без пречистителна станица за отпадните води.

Претходно во саботата ВМРО-ДПМНЕ во соопштение тврдеше дека Арсовска е „уцената и одработува“ за владејачката СДСМ и оти „самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од параполициските структури на СДСМ“.

Вистинското прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е што е уцената зад која Арсовска е принудена да одработува за СДСМ и да брка луѓе од работа, како во случајот со јавното претпријатие „Водовод“.

„Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?

Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?

Дали Арсовска е принудена да одработува за СДСМ за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?“, се додава во партиското соопштение.