КРИВОПАЛАНЧАНКИ У ВОДЕНИЦА КАЈ ФЛЕГМАТА

КРИВОПАЛАНЧАНКИ У ВОДЕНИЦА КАЈ ФЛЕГМАТА

Пробавме, навистина, пробавме да одолееме со сета сила...

Со секој атом енергија што го имаме...

Се боревме храбро до самиот крај...

Но, и покрај сите напори, не успеавме...
Беше прекрасно саботно утро, решивме да одиме на ручек во Аквариум кај Дактата, кадешто увидовме нема место па продолживме кон кафеаната Воденица на Сашко Градоначалникот.

Дојдовме во Воденица и седнавме.

Мислевме дека ќе нарачаме ракија и џигер, но нешто одвнатре не натера да нарачеме пилешки стек, шопска без кромид и помфрит со сирење.... И тој ебен Траминец...секогаш тој еден ист ебен Траминец.

Ок, знае да се задеси да биде и Темјаника, можеби Розе, ама го знаете урнекот. 
Каснавме малку од помфритот, го ставивме Траминецот во нашите чаши, и тогаш се случи.

Се случи колку и да не сакавме да се случи...

Почнавме да се церакаме како кози, како насилно ни дојде, како да не води некоја внатрешна празнина и хистерија.

Го викнавме келнерот, изустивме како некој да не тера со пиштол -„Дечко, молим те, може да не сликаш?“...

Келнерот секако немаше проблем со тоа, го зема апаратот веднаш.

И тогаш се погледнавме, главите почнаа да ни се спојуваат како со магнет.

Насмевките сами ни се нацртаа на лицето, како да сме ебена слика од Shutterstock.

И тогаш ја видовме сликата - најстандардната пост brunch кравурди што се смеат со бело вино.

И се знае - story, IG post како и FB.

Описот секако - It's wine o'clock, life is better with friends, како и хаштаг #badbitchesbrunch.

Јебига.

Уште една од серијата порази“.., добри девојки, но за жал жртви на убер basicbitch-измот насловен кривопаланчанки у ВОДЕНИЦА кај Флегмата,