КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ БЕА ДЕЛ ОД ДЕНЕШНИОТ ИНИЦИЈАЛЕН СОСТАНОК ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ БИЗНИСМЕНИ БЕА ДЕЛ ОД ДЕНЕШНИОТ ИНИЦИЈАЛЕН СОСТАНОК ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Голем број претставници од бизнис секторот од општината беа дел од денешниот иницијален состанок за формирање локален економски совет на Општина Крива Паланка.

Иницијативата ја претставивме заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Љупчо Николовски, со сите бенефити и можности кои се отвораат за микро, мали и средни претпријатија од нашиот град во периодот пред нас, со подобрување на патната инфраструктура и мерките и проектите што интензивно се превземаат и работат во контекст на создавање услови за локален економски развој.

Целта е овој локален економски совет да биде:
советодавно тело на работата на општината за економски развој;
 да се слуша директно гласот на бизнис секторот и сите предизвици со кои се соочуваат;
 партнерска релација на бизнисот и локалната самоуправа;
 директенно да учествува во донесувањето на стратегијата за ЛЕР на Општина Крива Паланка за следните пет години.

Покрај Општина Крива Паланка и бизнис заедницата во 2023 ќе може да конкурира за искористување на средствата и од ИПАРД 3 програмата и од ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Благодарност до сите што присуствуваа на денешниот состанок и бидејќи бизнис секторот е двигател на економскиот развој на општината, сѐ што е во интерес на развој на кој било економски субјект на територијата на нашата општина за да градот продолжи да живее како град што постојано се развива.

Сашко Митовски - Градоначалник на Општина Крива Паланка