Во рамки на Самитот на Б40 мрежа на градови од Балканот во Атина, Грција покрај средбите со градоначалниците на Сплит, Никшиќ, Котор, Пловдив, Бургас, Едирне, Велико Трново, Кочевје, Тројан, Чанакале и Истанбул, остваривме билатерални средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис и градоначалничката на Драч, Албанија Емириана Сако.


Со градоначалникот на Атина Бакојанис разговаравме на повеќе актуелни теми. Се заблагодарив за можноста Куманово да се зачлени во Б40 -
иницијатива којашто е корисна за целиот Балкан.


Куманово е една од најголемите општини во Македонија, таа е мултикултурна општина во која живеат повеќе од 10 заедници, кадешто се трудиме да го подобриме квалитетот на живот на секој граѓанин. Покрај средбата со градоначалникот Бакојанис, имавме средба и со градоначалничката на Драч Емириана Сако, град со кој сме збратимени. Со Сако дискутиравме за проширување на соработката во полето на спортот, културата, реализација на заеднички проекти и активности со цел економски развоj.