Николовски, Ковачевски и Бачовски во посета на компанијата „Метро“ – уште една успешна ИПАРД приказна

Николовски, Ковачевски и Бачовски во посета на компанијата „Метро“ – уште една успешна ИПАРД приказна

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство Љупчо Николовски и Директорот на Агенција за Финансиска Поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска беа во посета на компанијата „Метро“, која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети.
-Оваа компанија е уште една успешна ИПАРД приказна. Со средствата добиени преку ИПАРД Програмата набавуваат виљушкари, ладилна опрема и боксови за преработка на прехранбени производи со што си го модернизираат и олеснуваат производство. Гордо можеме да кажеме дека како држава сме лидери во регионот по искористеност на сретствата од ИПАРД 2 програмата, која достигнува до 98%, со склучени 2.369 договори, порача Министерот Љупчо Николовски.
-Денес државата не враќа назад со камати нереализирани средства од ИПАРД програмата, туку бара дополнителни средства за да може да се реализираат сите ИПАРД проекти. Ваквите успешни ИПАРД приказни, како оваа каде што сме денес, а ги имаме во секој град и во секое едно село, ќе бидат новиот успех со кој како држава ќе можеме да се гордееме. рече тој.