ПЕТАРДА МУ ОТКИНАЛА ЧЕТИРИ ПРСТИ НА ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ

ПЕТАРДА МУ ОТКИНАЛА ЧЕТИРИ ПРСТИ НА ДЕВЕТГОДИШНО МОМЧЕ

Момче (9) од Загреб останало без четири прсти на левата рака освен палецот, откако во раката му експлодирала петарда. Хирурзи, анестезиолози и педијатри шест часа се обидувале да ја спасат раката на момчето во операционата сала на КБЦ Загреб, но четири прсти биле целосно уништени и сите напори на лекарите не успеале.

Заменик-директорот на КБЦ Загреб, д-р Миливое Новаке изјави дека детето во моментов се лекува на одделението за детска интензивна нега.

Детето се уште е интубирано, бидејќи освен раката му се оштетени и дишните патишта. Имено, чадот влегол, па дошло до проблеми при вметнување на тубата пред операцијата, пренесува Јутарњи лист.

Наводно, момчето во раката држело петарда долга десет сантиметри и три инчи, а успеало да ја запали со кибритчиња, што предизвикало силна експлозија и му нанело тешки повреди.

Лекарите посочуваат дека за секунда детето станало инвалид, а лекувањето ќе биде долго и тешко,пренесе Телеграф.рс.