Писмо од Кривопаланечки вмровци кои планираат да заминат во Левица

Писмо од Кривопаланечки вмровци кои планираат да заминат во Левица

Писмо

Деновиве во Крива Паланка главна тема помеѓу членовите на ВМРО ДПМНЕ е кој е со „Арсовистите„...фракција предводена од актуелниот Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка, а кој е со Патриотите...поголемата фракција која се залага за промена на актуелното раководство на ОК ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка и ослободување на партијата од Арсо Попот и зетовците.

По смена на неколку претседатели на Месни Комитети кои не се сложуваат со политиката на приватизација на партијата од страна на Арсенчо Алексовски која ја прави преку своите зетовци многу членови се „одметнаа„ и ја формираа неформалната фракција Патриоти, која заговара смена на актуелниот Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и ослободување на партијата од старите „вампири„ и олигарси од времето на Љубчо Бугаринот и Никола Бегалецот.

ВРЕМЕ Е ЖЕНА ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК ВМРО ДПМНЕ КРИВА ПАЛАНКА порачуваат вмровците од фракцијата Патриоти.

Доста ни е од Арсо Попот и неговите зетовци...вака никогаш нема да дојдеме на власт.

Само и правиме услуга на СДСМ на локално и централно ниво.

Зарем немало жени Војводи низ историјата на ВМРО.

Исплашен од силата и барањата на Патриотите. актуелниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка се опкружи со ветераните на ВМРО...неколкумина уште живи „вмровци„ со бугарски пасоши од времето на Љубчо Бугаринот.

Се чека конечна разврска на новонастанатата ситуација во ОК ВМРО ДПМНЕ Крива Паланка...дали ке победат прогресивните нови патриотски сили или „полтроните„на бившиот Градоначалник криминалец Арсенчо Алексовски и неговите зетовци.