По пиперките тргна и грозјето ах до каде стасавме

По пиперките тргна и грозјето ах до каде стасавме

Производителот Тони се откажа од ајварките: Вложив 15.000 евра, а сега седум дена седат на приколица обрани

Традиционално, како и секоја година периодов започна сезоната на приготвување зимници, а кога се мисли на зимници тука е неизбежниот ајвар без кој ретко кое семејство поминува во зима.

Општо познато е дека струмичкиот регион е најголем производител на црвен пипер, поточно ајварка. Откупот на ајварката во струмичко е во полн ек, но продажбата оди тешко. Дел од земјоделците своето производство почнаа да го нудат и на фејсбук, но попусто е кога нема интерес.

Велат дека цените се нешто повисоки од лани, но продажбата е многу послаба. Граѓаните велат дека годинава ретко кој ќе може да си дозволи да прави домашна зимница, бидејќи освен маслото за јадење, кое чини 150 денари литар, и дрвата стигнаа до 5.000 денари за кубен метар.

На зелените пазари каде што ајварката се продаваше по 50 денари за килограм, трговците велат дека се купува по неколку килограми за разлика од порано кога се купуваше со вреќи.

За споредба, минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа скоро 50, а зејтинот 70 денари.

А за да се добие една голема тегла ајвар се трошат 2 килограми пиперки, што значи дека ако едно семејство сака да произведе 20 тегли ајвар, нив ќе им бидат потребни 40 килограми пиперки.

Кога станува збор за задоволството од цената, откупувачите се реални, дека репроматеријалите и општите трошоци за производство се далеку повисоки од минатата сезона, ама цената е иста како ланската. Најголемиот товар повторно се крш и од грбот на производителите.

Но, дел од прозиводителите се незадоволни и ќе останат без откупувачи, па при нудени се својот род буквално да го исфрлат како ѓубре.

На социјалните мрежи се појави видео снимка во групата „Земјоделие“ во кое се прикажува како се исфрлаат неколку тракторски приколки со ајварски пипер, што предизвика лавина коментари, па се изјасни сопственикот.

„Јас сум сопсвеникот на пиперките незнам кај колку и со цена се плаќат пиперките. јас произведив 70 тона пипер годинава вложив цели 15 илјади евра во тие пиперки и сега моментално сум јас со потреба од помош од хипотека ке останам без куќа ,,,,,,,

Пиперките што се турат седат 7 дена на приколица обрани и скапуват 75%се во скапана состојба седум дена ги нудам по откупите никаде ги неќат. Друго како да ги донирам?

Да привложам пари кои ги немам појке за да ги доставам на донација, да платам работници да ги сортират, со кој пари да го направам тоа и кој сака да земе скапани пиперки,

А за загадување не е точно дека загадуваме тоа е природа не е е вештачко ништо. Како производител на пипер се откажувам од производство башка тоа местото кај што се истурени е моја сопсвеност и ќе служат за арско ѓубриво поздрав“.