ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ПС РАНКОВЦЕ НЕМАЛЕ СЛУЖБЕН ПРЕВОЗ...КОМАНДИРОТ ГИ ТЕРАЛ ДА ОДАТ НА РАБОТА АВТОСТОП

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ПС РАНКОВЦЕ НЕМАЛЕ СЛУЖБЕН ПРЕВОЗ...КОМАНДИРОТ ГИ ТЕРАЛ ДА ОДАТ НА РАБОТА АВТОСТОП

Денеска во редакцијата на Pirej.net пристигна е писмо од полициски службеници вработени во ПС Ранковци.

Полицајите се жалат дека нивниот Командир С.С. ги кршел нивните работнички права и Колективниот Договор.

Имено правел ноќни смени со кои ги оштетувал вработените полициски службеници од ПС Ранковце.

Наместо нормални ноќни смени тој правел ноќни смени од 17.00 часот до 01.00 часот по полноќ.

И со тоа ги доведувал полицајците во незавидна ситуација околу превозот на работа и од работа бидејки немаат службен превоз а и не добиваат пари за превоз.

„Мајсторски„ измислената ноќна смена на полицајците им обезбедува само 180 денари како 3 часа ноќна работа а полицајците мораат да плаќаат 300 денари такси за да се вратат дома од работа.

Исто тата укинато им е правото на оброок за што се и на суд.

На прашањето до Командирот како да одат и да се враќаат на работа тој само им одговорил...стопирајте,снаоѓајте се...нема пари...криза е мора да се штеди...и јас одам и се враќам автостоп...секој ден стопирам кај техничкиот сервис на Јоско.

НЕКА БИДЕ ОВА АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПРЕЗЕМАТ СЕ ШТО Е НЕОПХОДНО ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ПС РАНКОВЦИ.