Претседателот Пендаровски испратен со жестоки свирежи на турнирот во Струга

Претседателот Стево Пендаровски кој како покровител на ракометниот турнир пристигна во Струга за да го проследи натпреварот помеѓу Еуростандард Пелистер и Татран од Прешов, беше громогласно исвиркан од публиката.
Во моментот кога официјалниот спикер го најавува пристигнувањето на претседателот,
публиката одеднаш почна да свири и да упатува навредливи пораки кон шефот на државата, а се слушаше и паролата „Никогаш Северна, само Македонија“.
Претходно, претседателот Пендаровски доживеа слична ситуација во Галичник кога за време на Галичката свадба доби изрази на незадоволство од граѓаните.