СКАНДАЛИТЕ НА СДСМ:Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал?

СКАНДАЛИТЕ НА СДСМ:Спасовски доделил 13 милиони евра на компанија на чие отворање присуствувал?

Немаат крај скандалите во Министерството за внатрешни работи од чиј буџет се испумпуваат милиони евра за набавка на храна за потребите на полициските службеници. Денес продолжуваме со нови докази, за тоа како во Министерството за внатрешни работи раководено од страна на Оливер Спасовски плаќа милионски суми евра за тендери за набавка на храна, oбјави денеска Наќе Чулев.

Тој прашува полициските службеници заслужуваат и треба да бидат колатерална штета на бизнис зделка, во која крајната цел е парите да завршат во компанија блиска до Оливер Спасовски и СДС?

Ова е договорот помеѓу компанијата Индустри сервис и МВР на Спасовски за достава на храна за потребите на полицискиот центар во Ѓорче Петров. Овој договор е потпишан на 10.01.2023 година и е во висина од околу 5.5 милиони евра.

И во полицискиот центар во Ѓорче Петров како и во случајот со центарот за обука во Идризово има најмодерна кујна за приготвување на храна за полицајците, но наместо да се користи истата, МВР на Спасовски набавува храна од приватна компанија. Токму во полицискиот центар во Ѓорче Петров, функционира кујна во која до сега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници.

Индустри сервис со добивање на двата тендери од МВР на Спасовски за Центарот за обука во Идризово и полицискиот центар во Ѓорче Петров  станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од ова министерство, вкупно од речиси фантастични 13 милиони евра според овие два договори-посочува Чулев.

Уште посимптоматично е што токму Оливер Спасовски, кој е министер во МВР, институција која ги прави двете набавки бил на поставување на камен темелник на фабриката на Индустри сервис во Гази Баба пред неколку години.

Ова е фотографија од која се гледа Спасовски во друштво на сопственикот на фирмата Индустри сервис Драган Смилковски. А на поставувањето на камен темелник на фабриката во Гази Баба е речиси цела влада на СДС и други функционери.

Очигледно е дека Спасовски и сопственикот на Индустри сервис се во блиски односи. Тука се отвора и дилемата дали нивната блискост е причината поради која Индустри сервис ги добива двата тендери во МВР?

Особено затоа што според проценките и анализите на луѓе кои долги години работат во секторот угостителство и јавни набавки се дека ваквиот начин на набавка на храна во Министерството за внатрешни работи, ќе ја чини оваа институција многу повеќе пари, во споредба со досегашното подготвување на храната во сопствените кујни и со сопствен персонал на МВР.

Полициските службеници од Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период сведочат дека добиваат храна која е далеку од стандардите за човечка исхрана. Токму поради ова, на крајот го поставуваме прашањето, дали раководството на МВР во изминатиот период свесно го рушело системот на подготовка на храната, за да отвори простор и на мала врата овој бонбона бизнис од речиси 13 милиони евра да го даде на компанија, која според фотографиите се гледа дека е блиска до раководството на МВР  односно Оливер Спасовски и политичката партија на власт.