Снемува пекари – сите си заминуваат во странство

Снемува пекари – сите си заминуваат во странство

Снемува пекари – „нема работници, сите ќе затвориме“

Економската и енергетска криза не е само причина за зголемување на цената на лебот, туку и за затворање на голем број пекарници. Само во охридско- струшкиот регион во последните години затворени се околу десетина.

„Ако вака се продолжи мислам дека пекарството ќе изумре. Односно ќе мора самиот сопственик ако го знае занаетот да продолжи со работа и да се намали производството. Еден ден ќе дојде време 90% да ги затвориме пекарите. Ние на ниво на Охрид и Струга пред седум-осум години бевме 32 пекари, а сега не функционираат 11 пекари“, рече Љупчо Настоски-сопственик на пекара.

Недостасуваат и пекари. Голем проблем е на пазарот на труд да се најде ваков кадар.

„ Целиот проблем е кај работната сила. Кога нема работници не иде и работата. Младите не сакаат да работа, сите сакаат да бегаат надвор од државата. По правило треба минимум 600 евра да се платат. Има скоро една година како барам работници, но не можам да најдам, а ми требаат минимум два-тројца, посебно за време на сезоната“, додаде Дане Красничи-сопственик на пекара.

„ Го бараш да работи, му даваш плата, минимална плата од 18.000 денари, за четири часа работа му ја даваш, а дистрибутерот незадоволен ти вели, јас ќе одам да работам во јавно претпријатие, комуналец, општина. Тој оди во општина или во јавните претпријатија да лежи“, изјави Љупчо Настоски-сопственик на пекарница.

Според податоците на здружението „Пекар“, само во Охрид недостасуваат 200 пекари./Алсат.мк

Мики Трајковски