Таче „бега„ од проблемот со приватните превозници...не сака да „заратува„ со „КОБРАТА„ Данела Арсовска

Премиерот Ковачевски се оградува од проблемите меѓу приватните превозници и Градот Скопје. Ден претходно превозниците беа подготвени за дијалог, но такво нешто нема од ниту од Град Скопје, ниту од премиерот Ковачевски. Тој денеска рече дека Владата ќе има средба со секого, но не прецизираше дали ќе се сретне со приватните превозници и кога би се случило тоа. Ковачевски сепак нагласи дека Владата нема ингеренции за ова прашање.
Сепак, од средината на декември минатата година, токму надежта за средба со Ковачевски ги убеди превозниците да ги тргнат автобусите и да не го блокираат сообраќајот во главниот град. Премиерот вети дека ќе се сретне со нив откако ќе го добие ревизорскиот извештај од Управата за јавни приходи, но ваква средба никогаш не беше свикана.
Приватните превозници се соочуваат со големи економски тешкотии предизвикани од, како што велат, долгот од Град Скопје. Тие најавија дека ко до петок не се одржи состанок, од следната недела некои главни сообраќајници во Скопје повторно ќе бидат блокирани. Од кабинетот на Арсовска не коментираа.