Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август

Таравари: Распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август

Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава.

Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.

Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.

Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).