Тасевски: Сега оваа активисткава кучкарка што ја искасаа кучиња во Струга, треба да ја жалиме нејзе или кучињата што ја искасале?

Тасевски: Сега оваа активисткава кучкарка што ја искасаа кучиња во Струга, треба да ја жалиме нејзе или кучињата што ја искасале?

Сега оваа активисткава кучкарка што ја искасаа кучиња во Струга, треба да ја жалиме нејзе или кучињата што ја искасале?

Таа е лошата или кучињата?

Оти мајка ми беше лошата според кучкариве ко ја искаса куче. Ако си лош те касаат.

Така ми пишуваа.

Сега шо прајме со искасанава од вашата екипа?

Треба да ги остават кучињата да нападнат некој друг? Тој некој може да биде пак некој од вас. А може да биде и дете.

Сега по нападот треба да ја прашаат искасаната кучешка активистка шо мисли за кучињата скитници кои напаѓаат луѓе.

Прашајте ја како се осеќа.

Дали настанот предизвикал кај неа романтични емоции или ужас?

За тоа и пишував на темава. Дека кучињата мира да бидат отстранети, додека не загинал некој невин.

Тоа е поентата, а не да паламудите за кучињата какви трауми имале од рано детство и да се обидувате да ги разберете со патетична емпатија. Тие дете можат да раскинат, овие крокодилски солзи леат. Ауууу за греота колку тежок живот кучешки имаат. Луѓето се ѓубриња.

Може и сме. Но сепак овој свет, оној урбан дел, припаѓа на луѓето и тие во него мора да бидат безбедни и главни. Во него се живее според нивните правила на игра.

Не можам да отидам кај мечката во пештера и да и речам вака има да правиш иначе ќе те… ај да не јадам гомна.

Ме разбирате, нели?

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)