Тоа што го украде да го вложи и оплоди. Доктор Хасани, заменик-министерот од времето на Филипче, ќе гради фотонапонска централа во кумановско

Тоа што го украде да го вложи и оплоди. Доктор Хасани, заменик-министерот од времето на Филипче, ќе гради фотонапонска централа во кумановско

Поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани открива дека ќе гради фотонапонска централа во Куманово, заедно со неговиот партиски колега, советникот во Општина Куманово Ридван Дервиши, објави „Фактор“.

Тие се приклучуваат кон актуелните бизнис-трендови и за таа цел основале компанија, „Некст Ера Солар Систем“.

Самата држава во денешно време дава такви иницијативи и јас сакам да помогнам во енергетската криза. Освен тоа, секогаш сум бил еколошки настроен, па дури и моите автомобили сакам секогаш да бидат во чекор со зачувувањето на животната средина. Но, ова е проект кој е во самиот почеток и има уште многу време додека да се етаблира, вели Хасани за „Фактор“.

Сѐ уште не се знае со колкав производствен капацитет ќе биде централата, а Хасани вели дека сѐ ќе зависи од финансиската расположливост на него и неговиот партнер.

Најважно е тоа што тука нема ништо противзаконски, затоа што повеќе не сум директор, ниту пак извршувам каква било друга функција. Останува да ги комплетираме постапките што следуваат, за да се стекнеме со статус повластен производител, додава Хасани.

Тој, пред да биде заменик-министер за здравство, беше раководител на Ургентниот хируршки центар, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ и национален советник на министерот Венко Филипче.

Кога се случи трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Хасани, заедно со Филипче, понудија оставки, кои тогашниот премиер Зоран Заев не им ги прифати.

фото: МИА