Три деца ужасно се испокасани од кучиња скитници

Три деца ужасно се испокасани од кучиња скитници

Во вторникот, три деца во Аеродром биле каснати од бездомни кучиња.

Вчера во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески-Бато“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Вчера во 20 часот во Полициската станица Аеродром, Г.К.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.