ВЛАСТА МОЛЧИ ЗА ЕНОРМНОТО ШИРЕЊЕ НА ПТИЧИОТ ГРИП...ДАЛИ ПОРАДИ ТОА ШТО НАЈГОЛЕМИТЕ ФАРМИ СЕ НА НИВНИ ЛУГЕ

ВЛАСТА МОЛЧИ ЗА ЕНОРМНОТО ШИРЕЊЕ НА ПТИЧИОТ ГРИП...ДАЛИ ПОРАДИ ТОА ШТО НАЈГОЛЕМИТЕ ФАРМИ СЕ НА НИВНИ ЛУГЕ

Се појави птичји грип во Македонија!, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки.

Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода. Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, Птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што треба да се случи во државата за да најповиканите понесат одговорност.

Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат

Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија час поскоро мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр, додаваат оттаму.