ВМРО ДПМНЕ го разреши синот на Оливер Андонов од сите позиции во Унијата на млади сили во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ го разреши синот на Оливер Андонов од сите позиции во Унијата на млади сили во ВМРО-ДПМНЕ

Пред Централнит штаб на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше одржана прес-конфереција од страна на професот Оливер Андонов, поранешен министер за внатрешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со новоформираната фракција бара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Денешната прес-конференција е со единствена тема јавен и отворен повик до Христијан Мицкоски да си даде оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и да ог отвори со тоа патот да се извршат сите демократски промени и да партијата која во деведесетите години беше симбол на македонската демократија повторно се врати на пиедесталот, изјави Андонов кој побара оставка од претседателот на својата матична партија.

По пресот на професорот неговиот син Александар Анднонов експресно е повикан во кабинетот на Христијан Мицкоски. Иако Александар Анднонов чесно и достоинствено, навремено и без никаков проблем ги извршувал своите партиски задачи сепак Мицкоски не успеал да се справи со својата суета и експресно го разрешил Андонов од сите позиции во Унијата на млади сили во партијата.

Како што дознаваме ниту Мицкоски немал никаква забелешка за работата на Александар Андонов, единствената замерка биле постапките на неговиот татко.

Ваквото однесување на Мицкоски и реваншизмот кон сите кои не го делат неговиот став е уште еден показател дека најголемиот проблем кој го има опозицијата е токму суетата и тоталитаризмот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Александар Андонов беше член на извршниот комитет на УМС, а неговиот татко Оливер Андонов своевремено беше член на кабинетот на Христијан Мицкоски.