Време е ДУИ да замине во опозиција, смета Мицкоски досадија и богу и народу, а многу крадат

Време е ДУИ да замине во опозиција, смета Мицкоски досадија и богу и народу, а многу крадат

Добро е за внатрешна катарза за една партија да помине барем еден циклус во опозиција, тоа е здраво за таа партија и на следните избори тоа време ќе дојде, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Фокус.

Дојдено е време кога на ДУИ ѝ е потребно да помине еден изборен циклус во опозиција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Предолго е на власт, 20 години е период што може да ве контаминира, компромитира и корумпира. Добро е за внатрешна катарза за една партија да помине барем еден циклус во опозиција, тоа е здраво за таа партија и на следните избори тоа време ќе дојде. Ете, да видиме со каков капацитет и потенцијал располагаат од албанската опозиција. На изборите во Тетово, каде што ВМРО го победи СДСМ 2 спрема 1, Беса го победи ДУИ – вели Мицкоски.

Тој посочува дека целта е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник на следните парламентарни избори, но, како што нагласува, во секој случај ќе формираат влада.