За Арачиново 2 милиони евра помош од Владата - другите општини сами нека се снајдат за струја во училиштата

За Арачиново 2 милиони евра помош од Владата - другите општини сами нека се снајдат за струја во училиштата

За нешто повеќе од 2 години Владата и исплати околу 2 милиони евра на општина Арачиново во форма на неповратни средства за решавање на комунални проблеми.
Владата во декември 2020 година ѝ даде неповратна еднократна помош од половина милион евра на оваа општина за справување со тешкотиите во работењето настанати поради ковид-кризата. Една година подоцна, Арачиново доби уште половина милион евра од буџетот за реконструкција на патната инфраструктура а минатиот месец на сметката во општината легнаа уште 1,1 милион евра за санација на одводен канал.
Донациите кои Владата и ги дава на оваа општина која воопшто не собира пари од данок на имот а неодамна излезе и информација дека има големи кражби на струја, доаѓаат во време кога централната власт вели дека нема да има помогне на општините со средства за да си ги платат сметките за струја.
Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата – изјави владиниот портпарол Арсовски.