За децата, за иднината, нови и подобри услови во ООУ "Јоаким Крчовски" Крива Паланка во континуитет

За децата, за иднината, нови и подобри услови во ООУ "Јоаким Крчовски" Крива Паланка  во континуитет

За децата, за иднината, нови и подобри услови во ООУ "Јоаким Крчовски" во континуитет. Со 2.8 милиони денари комплетно реконструирани:
3 спортски соблекувални,
3 канцеларии и
4 простории во подрумскиот дел на централниот училишен објект.

Средствата се вложени од сопствениот буџет на училиштето, благодарение на посветеното и домаќинско работење на директорот, Дане Петровски.
 Комплетно се обновени трите спортски соблекувални, ентериер и столарија, со додатни елементи за потребите и нивната намена.
 Реконструирани подови, ентериер, ѕидови, електрична инсталација на три канцеларии.
Подрумскиот дел целосно е реконструиран, поставена нова електрична инсталација и преграда, а опремени се 4 простории: резервна училница, просторија за архива, ходник и остава .
Влогот во подобрување на квалитетот на условите за реализација на наставата е влог за идните генерации,а тоа се наша обврска и долг кон заедницата.

Сашко Митовски - Градоначалник на Општина Крива Паланка